Skip to main content

НУ Библиотека „Григор Прличев“

Вечерва промоција на книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска

Промотор ќе биде директорот на библиотеката Милчо Јованоски, а промоцијата ќе започне во 19 часот. Охридската библиотека со овој настан се вклучува во одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.
 |  инфодеск  | 
промоција

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска.

Книгата е збир од колумни емитувани на Радио Скопје и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет, вели Андрееска која е Одговорен уредник на Македонското радио-Радио Скопје.

Таа во Македонското радио работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската професија. Слушателите ја препознаваат по нејзините авторски емисии „Интерзона“, „Боите на Македонија“, „Тука околу нас“, „Мислам значи постојам“. Автор е на книгите „Размисли” и „Тука околу нас”.

За својата најнова книга Андрееска вели:

Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме ЗАД НАС.

Промотор ќе биде директорот на библиотеката Милчо Јованоски, а промоцијата ќе започне во 19 часот.

Охридската библиотека со овој настан се вклучува во одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.