Skip to main content

Вечерва на плажа Славија започнува седмото издание на Beach Film Festival

Од 17-ти до 21-ри јули на 4 локации во Охрид ќе се одржува седмото издание на „Фестивалот на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL- ОХРИД 2024“.
 |  инфодеск  | 

Со црногорски филм ЖИВИ И ЗДРАВИ вечерва во 20 ч. и 30 минути на Плажа Славија започнува седмиот Фестивал на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL- ОХРИД 2024.

ЖИВИ И ЗДРАВИ е црногорски филм од 2023 година, во режија и сценарио на Иван Мариновиќ во кој како копродуценти се уште и С. Македонија, Хрватска , Србија , Словенија и Чешка.

Премиерата на филмот се одржа на филмскиот фестивал во Талин во 2023 година, а беше прикажан и на 71. Пулски фестивал во една од натпреварувачките програми.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Тихана Лазовиќ,Горан Славиќ, Горан Богдан, Сњежана Синовчиќ Шишко, Момчило Пиќуриќ, Дејан Ѓоновиќ, Мирјана Јоковиќ, Драгана Дабовиќ, Никола Ристановски, Милош Пејовиќ, Сејдо Алилеј, Омар Бајрамспахиќ, Лара Драговиќ, Филип Клицов, Зоран Зоро Мартинети, Тамара Драгичевиќ, Стефан Вуковиќ, Димитрие Живановиќ, Бранка Кнежевиќ, Данило Бабовиќ…

Оваа шарена медитеранска комедија започнува кога Драгана, бунтовната невеста, на само два дена пред нејзината венчавка одлучува дека сепак не сака да се мажи. И сè е подготвено: роднините се поканети, подароците се купени, косата е замесена. За таткото на семејството Лес не станува збор за откажување. Неговата сурова природа ќе ги принуди младенците да продолжат со венчавката, а следниот ден нека си одат по својот пат доколку е потребно. Младоженецот Момо не се откажува и ќе се бори до крај невестата да не си замине и со тоа да започне најголемата фарса досега поставена на полуостровот, зачинета со големо количество оружје и динамит, како што налага традицијата и обичаите.

До 21 јули Beach Film Festival нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа на Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот културен центар. Ќе бидат прикажани филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите.