Skip to main content

Венера го „бакна“ Сонцето

Голем број луѓе денеска го следеа спектаклот на небото – планетата Венера помина преку Сонцето. Оној кој ја промаши глетката, мора да сочека на следниот „транзит на Венера“ – по 105 години.

 |   | 
venus
venus

Голем број луѓе денеска го следеа спектаклот на небото – планетата Венера помина преку Сонцето. Оној кој ја промаши глетката, мора да сочека на следниот „транзит на Венера“ – по 105 години.

venus transit

Во раните утрински часови по средноевропско време (06.06) планетата Венера и Сонцето, набљудувани од Земјата, понудија ретка слика. Венера се провлече како мала темна точка пред светлечкото Сонце. Засенувањето траеше до околу седум часот, а најдолго, речиси седум часа, можеа да го следат жителите на источна Азија и Австралија. Но, притоа беше потребна претпазливост, при набљудувањето мораше да бидат заштитени очите преку посебни темни очила. Во спротивно, се закануваат оштетувања на видот, предупредија лекарите.

Во Германија разни планетариуми ги отворија своите набљудувачки платформи за посетителите уште во раните утрински часови. Но, облачното време во најголемиот дел од земјата го спречи гледањето на ретката појава.

Ова беше седми транзит на Венера кој може да се набљудува, откако германскиот астроном Јоханес Кеплер го предвиде феноменот првпат во 17. век.

Следната можност да се види вакво нешто ќе биде во 2117 година.

{loadposition content9}