Skip to main content

Верушевски излегува од притвор

Со гаранција во недвижен имот, со забрана да го напуштаат главниот град и со предадени пасоши во кривичниот суд, двајцата првообвинети во случајот Пуч ќе им биде дозволено да излезат од притвор, пренесува „Телма“.

verusevski

verusevskiСо гаранција во недвижен имот, со забрана да го напуштаат главниот град и со предадени пасоши во кривичниот суд, двајцата првообвинети во случајот Пуч ќе им биде дозволено да излезат од притвор, пренесува „Телма“.

Судскиот совет на скопскиот кривичен суд го прифати барањето на одбраната на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, тие со кауција во недвижен имот да гарантираат дека ќе се појавуваат на судските рочишта. Покрај тоа судот ги уважил и предложените мерки за обезбедување од страна на специјалното јавно обвинителство.

-Советот, донесе одлука со која мерката притвор за обвинетите З.В. и Ѓ.Л. се укинува, а предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за прифаќање на предложената гаранција и  определување мерки за претпазливост на обвинетите (Забрана за напуштање на живеалиштето односно градот Скопје и привремено одземање на патна исправа), се уважува, стои во соопштението на судот Скопје 1.

Адвокатите на Верушевски и на Лазаревски потврдија дека ја примиле одлуката на судот, но и дека таа не е правосилна. Одбраната и обвинителството имаат право во рок од два дена да поднесат жалби на одлуката. Адвокатите пред пуштање од притвор треба преку катастар да заверат хипотеки на понудениот имот на име на државата со што би се потврдила гаранцијата за кауција. Никој од адвокатите не соопштува колкава е понудената гаранција за двајцата обвинети. Верушевски е обвинет за „шпионажа“, за потикнување на „неовластено снимање и прислушување“ и за помагање во извршување на „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“. Второбвинетиот Лазаревски до апсењето работел во УБК и е обвинет за за помагање во „шпионажа“ и потикнување на „недозволено снимање и прислушување“. Во Пуч е обвинет и Заев дека со материјалите кои ги добил од Верушевски сакал да ја урне владата односно извршил обид за „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“. Откако специјалното обвинителство во петокот го прифати барањето за пуштање од притвор на Верушевски, владеачката ВМРО-ДПМНЕ ја осуди специјалната обвинителка Катица Јанева дека носи одлуки по теркот на 4-то обвинетиот во Пуч, Зоран Заев, пренесува „Телма“ телевизија.