Skip to main content

Видео Секс…идеална предигра

Возрасните уживаат во можностите на технологијата, и тоа посебно во оној дел во кој таа може да се искористи за сексуално уживање.

 |   | 
Најновото истражување на Плејбој во кое учествуваа повеќе од 2.000 возрасни луѓе, донесе очекувани резултати, и тоа посебно во погледот на технологијата и сексот. Имено, на сите веќе им е јасно дека технологијата и тоа како ја менува човековата сексуалност. Многу возрасни луѓе практикуваат праќање на сексуални пораки и фотографии.

Освен тоа, партнерите се почесто заедно гледаат порно содржини на ТВ или интернет. Интерeсно е дека се повеќе жени гледаат порнографија откако таа стана достапна, и тоа најмногу благодарение на интернетот.

Паровите ја користат технологијата и за да се снимаат. Лошата последица од тоа е што после раскинувањето компромитирачкиот материјал може да заврши на интернет. Но, за многумина снимањето при секс е омилен начин на предигра.

Истражувањето на Плејбој ги допре и половите заболувања. Скоро четвртина од мажите и 13% жени ги прикриваат од партнерот полово преносливите болести. И не само тоа, 24% од мажите и 20% од жените едноставно „се надеваат на најдоброто“ кога се во прашање полово преносливите заболувања. Тоа покажува дека се уште многу луѓе несериозно се однесуваат према половите болести и така го загрозуваат здравјето на партнерот.