Skip to main content

Виена ќе почека

Состанокот во Виена, на кој требаше да се бара излез од политичката криза е откажа, пренесува „Утрински весник“.

liderska

Состанокот во Виена, на кој требаше да се бара излез од политичката криза е откажан, пренесува „Утрински весник“.

лидери„Како што неофицијално дознаваме, од дипломатски извори, причината за одложувањето на средбата, на која беа поканети лидерите Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, се последните барања што ги испорача опозицијата како услов за да присуствува на новите преговори за надминување на длабоката политичка криз“, се вели во статијата на „Утрински весник“.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев своето учество во Виена го услови со одложување на изборите и повлекување на одлуката за аболиција, што минатата недела ја донесе претседателот Ѓорге Иванов. Претходно од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ го потврдија нивното присуство на состанокот.

Покрај еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европарламентарци Едуард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгел како домаќини на состанокот, требаше да присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ во земјава Џес Бејли и Аиво Орав.