Skip to main content

Доделување на оскарите

Вил Смит се извини

Актерот Вил Смит, годинешниот добитник на Оскар за филмот „Кралот Ричард“, јавно му се извини на комичарот Крис Рок за шлаканицата што му ја удри на сцената за време на доделувањето на престижните филмски награди.
 |  инфодеск  | 
Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок

Актерот Вил Смит му се извини на комичарот Крис Рок еден ден откако му удри шлаканица за време на церемонијата на доделувањето на Оскарите во неделата, по шегата што Рок ја направи на сметка за сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит.

Извинувањето на Смит во понеделникот дојде откако Академијата за филмски уметности и науки издаде формална изјава во која го осудува неговото однесување и објави дека започнува истрага.

Насилството во сите форми е отровно и деструктивно – рече Смит во понеделникот во изјавата што неговиот публицист ја објави на Инстаграм.

Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од линијата и згрешив. Засрамен сум и моите постапки не укажуваа на човекот каков што сакам да бидам – додаде Смит.

Вил Смит му удира шлаканица на Крис Рок

Академијата за филмски уметности и науки објави дека покренува истрага за инцидентот. Според кодексот на однесување на Академијата, Смит може да се соочи со последици како „суспендирање или исклучување од членство“.

Во последниве години, прекршувањето на овој кодекс доведе до отстранување на членовите како Харви Вајнстејн, Бил Козби и Роман Полански, кои беа избркани поради наводи за сексуално недолично однесување.

Рок не поднел пријава во полиција.

Истражните ентитети на полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД) се свесни за инцидентот меѓу две лица за време на програмата за доделување на наградите Оскар. Во инцидентот еден поединец удрил шамар на друг. Инволвираниот поединец одби да поднесе полициски извештај – се вели во официјалното соопштение на ЛАПД за печатот.

„Доколку инволвираната страна сака полициски извештај подоцна, ЛАПД ќе биде достапна за да го комплетира истражниот извештај“, велат оттаму.