ВИС „Билјана“ го слави 15-годишниот јубилеј со концерт во „Света Софија“

Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт на 7 септември 2026 година, во предворјето на катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 20:00 часот.
Оваа година концертот e јубилеен, бидејќи ВИС „Билјана“ петнаесетта година по ред ќе ја собере публиката на вечер исполнета со звуците и убавината на староградската песна. Составот најавува и гости кои дополнително ќе ја збогатат концертната вечер. На сцената ќе настапи градскиот мешан хор „Vox Lichnidos“, како и маестро Тони Арслан.

Билетите за концертот се во ограничен број и чинат 300 денари. Резервации можат да се направат на телефонскиот број 076/212-680, а резервираните билети ќе може да се подигнат на самиот влез, еден час пред почетокот на концертот.




