Вистини и лаги за кремите за сончање
Во рекламите сме бомбардирани со информации за ефектите од поединечни креми за сончање.
Во рекламите сме бомбардирани со информации за ефектите од поединечни креми за сончање. Тврдат дека повеќето од нив се отпорни на вода, пот и ја штитат кожата од рак. Меѓутоа, на декларациите претежно има само невистини.
На пример, некои од произведувачите на креми за сончање тврдат дека нудат водоотпорни средства и целодневна заштита. Сепак, американската Агенција за храна и лекови таквите реклами ги нарече “лажни“.
Дејвид Ендрјуз од американската Работна група за зачувување на животната средина велат дека не постојат креми за сончање што се отпорни на вода. Сите тие, порано или подоцна, се раствораат.
Некои, пак, тврдат дека нудат заштита од широк спектар на зрачења и со тоа од рак, изгореници и стареење, што претежно не е случај.
На пример, производите со заштитен фактор 15, или понизок, можеби штитат од изгореници, но не и од појава на брчки или рак на кожа.
Исто така, некои креми штитат од УВБ, но не и од УВА зрачење што ја оштетутва кожата. Која е разликата помеѓу УВА и УВБ зрачењето? Акронимот УВБ доаѓа од англиското “ultraviolet burning“ или ултравиолетовото зрачење кое предизвикува црвенило на кожата. Акронимот УВА доаѓа од англиското “ultraviolet ageing“ и значи ултравиолетово стареење. Тоа се зраците одговорни за потемнување на кожата, но и за појавата на брчки, оштетувањето на генетскиот материјал и појавата на малигниот меланом.
Агенцијата за храна и лекови затоа издаде барање до произведувачите на клиничките тестови да ја докажат заштитата од широкиот спектар зрачење. Условот мора да се исполни до ова лето.
{loadposition content9}