Влијанието на љубовта на изгледот и здравјето
Општо земено, љубовта е многу корисна за вашиот изглед и здравјето на луѓето (и на тој начин, индиректно, имате дури и опиплива корист со тоа што ќе ви се намалат трошоците, кои инаку би можеле да ги имате за доктори или за користење скапи препарати).
Кои се поточно придобивките од љубовта?
Исполнетиот љубовниот живот, научно е докажано, дека го заштитува вашето здравје и го зајакнува имунолошкиот систем. Ова значи дека многу помалку ќе се разболувате од не толку опасни, но сигурно здодевните болести како кивавиците, грипот и сличните на нив. Покрај тоа, кога сте среќни во љубовта и дигестивниот систем подобро работи, со други зборови, ќе имате помалку стомачни непријатности.
Поради зајакнатиот имунолошкиот систем и другите разни болести поретко ќе ве “напаѓаат“. Ова, се разбира, не значи дека треба да биде целосно безгрижни, туку кога сте среќни во љубовта, помала е веројатноста дека вирусите или бактериите ќе го победат вашиот имунолошки систем. Среќните луѓе, се поздрави луѓе!
Се верува дека љубовта го намалува стресот, иако ни се чини дека ова не е најпрецизна формулација. Стресот и стресните ситуации постојат во вашиот живот, дури и ако сте среќни во љубовта, само што вашата реакција на стрес ќе биде различна, осносно стресните ситуациии ќе имаат помало влијание врз вас.
Жените имаат посебна корист од љубовта, среќата во љубовта ги намалува дури и менструалните проблеми. Заљубената жена ќе биде многу порелаксирана, а да не зборуваме за хормоните на среќа кои “циркулираат” низ нејзиниот организам. Така нејзината отпорност на болка ќе биде поголема, а сето тоа се должи на релаксацијата. Друга корист за жените, како резултат на зголеменото производство на естроген и прогестерон, женските полови хормони, во кожата ќе има поголем проток на крв, а со тоа и тенот на кожата ќе биде посвеж, а самата кожа ќе изгледа позатегната.
Користа од љубовта е голема, затоа сакајте и зграбете ги сите нејзини придобивки.
{loadposition content9}