Skip to main content

Детското драмско студио „ДрамаКидз”

Во петок „ДрамаКидз” ќе ја одиграат претставата „Лист, камен и ножички”

Претставата е закажана за во петок 05.01.2024 година, почеток 19.00 часот, мала сала, цена на карта 100 денари.
 |  инфодеск  | 

Новата 2024 година Центарoт за култура “Григор Прличев”- Охриде ја започнува со реприза на детската театарска претстава на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз” со наслов „Лист, камен и ножички” во петок 05.01.2024 година, почеток 19.00 часот, мала сала, цена на карта 100 денари.

„Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација.“ – велат од установата.

Детското драмско студио „ДрамаКидз” работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.