Во петок премиера на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“
Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ја најавуваат премиерата на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи за петок, 25-ти април 2025 година.
Улогата на Mollie Ralston ја игра Бисера Вранишкоска, на Giles Ralston – Матеј Баткоски, Christopher Wren е Константин Групчев, Mrs. Boyle – Ема Богданоска, Major Metcalf – Наум Трендафиловски, Miss Casewell – Евгенија Ставрева, Mr. Paravicini – Димитар Велкоски и Sergeant Trotter – Елени Наумова.
– „Стапица за глувци“ од Агата Кристи е крими-драма сместена во мал осамен пансион близу Лондон, каде домаќините и гостите се отсечени од светот поради огромни наноси снег. Но еден од нив е убиец… – велат актерите.
„The Mousetrap“ е драма, крими-трилер од Агата Кристи, едно од неколкуте нејзини дела напишани за изведба во театар. Премиерата ја имаше во еден од лондонските театри во Вест Енд, малиот театар „Сент Мартин“, на 25-ти ноември 1952 година и континуирано се играше на оваа сцена до 16-ти март 2020 година, кога претставата беше привремено прекината поради пандемијата на Covid-19. Се смета за најдолготрајната театарска претстава во светот. До 2022 година, била изведена речиси 29.000 пати во театарот „Сент Мартин“ и ја виделе околу 10 милиони луѓе. Од премиерата до 2000 година, драмата беше преведена на 24 јазици и изведена во 44 земји во светот.