Во петок за најмладите детската театарска претстава „Шумската принцеза”
Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“.

Во петок, во рамки на проектот на Општина Охрид Културата расте со децата „За сите деца“ ќе биде прикажана детската театарска претстава „Шумската принцеза” во изведба на театар „Хит“.
Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“.
Претставата изобилува со оргинална сценографија и костими, како и со многу музика, песни, едукативни и интерактивни моменти. Играат актерите: Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски. Ќе се одигра во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот.
Во рамки на проектот детски театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а ќе ги води ликот на рибарот Климе.