Во петок започнува третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“
Три вечери, еден фестивал, безброј моменти за паметење. Не пропуштајте!, порачуваат организаторите.
Во предворјето на црквата „Св. Софија“ од 22 до 24 август ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид.
-Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика. Во петок на 22 август љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во настапот на Чалгија Саунд Систем (Етно Џез), следниот ден, 23 август, ќе настапи Павле Камилоски (класичен џез), додека третиот фестивалски ден, 24 август, е резервиран за настапот на Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и Наум Џуклески (класичен џез) велат од Општина Охрид.
Сите концерти се со почеток од 20:30 часот во предворје на црквата „Св. Софија“