Skip to main content

Детско драмско студио „ДрамаКидз”

Во сабота повторно детската претстава „Лист, камен и ножички“ во Центар за култура

Детското драмско студио „ДрамаКидз” работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев”.
 |  инфодеск  | 

На репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев”, на барање на публиката, овој викенд повторно детската претстава со наслов „Лист, камен и ножички” на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз” во сабота 10.02.2024 година.

Детското драмско студио „ДрамаКидз” работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.

Почеток на претставата во 19.00 часот,на мала сала, цена на карта 150 денари.