Народен Театар Охрид
Во среда ќе се одржи детската претстава “Здраво Детство”
Претстава е за дечиња со возраст од 3 до 6 години.
Среда, 13 ноември ви 18 часот, Народен Театар Охрид и Театар Патувалка ќе ја претстават претставата “Здраво Детство” – интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната.
Претстава е за дечиња со возраст од 3 до 6 години.
Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и Балтазар
Картите по цена од 150 денари се во продажба од денес, понеделник (11.11.2024 г). Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-18:00 часот на денот на изведба на претставата.