Skip to main content

Центар за култура „Григор Прличев“

Времен прекин на одржување настани во Центарот за култура „Григор Прличев“

Поради неисполнување на технички услови во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид времено е прекинато одржување на настани.
 |  инфодеск  | 
Центар за култура

Поради неисполнување на технички услови во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид времено е прекинато одржување на настани.

-Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидратна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар, велат од Центарот за култура.

Од Центарот не наведуваат повеќе детали во поглед на отпочнување и временски период за завршување на активностите во оваа насока и обезбедување услови за отпочнување на одржување на настани.