Хан vs. Иванов
Евро-комесарот Јоханес Хан, на вчерашната средба со новинари во Брисел, изјави дека покренал иницијатива за некаков вид меѓународен мониторинг при подготовката на избирачкиот список во Македонија за престојните парламентарни избори. Тој нагласи дека оваа иницијатива е суште во почетна фаза и за неа допрва ќе се дискутира.

Во врска со помилувањата, Хан истакна: „Аболицијата е неприфатлива и жалиме што кога Уставниот суд донесе одлука со која ја овозможи оваа мерка, нас ни беше речено од страна на претседателот Иванов дека таа нема да се примени. Само две или три недели подоцна претседателот ја донесе таа одлука. Тоа не е во интерес на неговиот кредибилитет“, изјави денска во Брисел, комесарот за проширување Јоханес Хан.
Прашан за тоа дали аболицијата ќе биде поништена, Хан, одговори дека нема информации, но дека доколку таа остане на сила, Македонија ќе сноси последици кои ќе се одразат на нејзината европска перспектива.
Хан додаде и дека мора да бидат спроведени неопходните реформи, а на СЈО да му биде гарантирано независно функционирање, односно тоа да работи, а не само да постои.