Skip to main content

Во вторник ново, ноемвриско издание на „Импровокација“

Картите може да се резервираат на тлефонскиот број 075/283-066.
 |  инфодеск  | 

Во вторник, 11 ноември, со почеток во 20:00, на сцената на Народен театар Охрид, ќе се одржи ноемвриското издание на театарската импровизација „Импровокација“, а кое ќе биде во знакот на “Мовембер”.

-Мовембер е годишен настан што се одржува во текот на ноември, за подигање на свеста и собирање средства за здравствени проблеми кај мажите, како ракот на простата и тестисите, менталното здравје и спречување на самоубиства. Најчестиот начин за учество е да се пуштат мустаќи во текот на целиот месец почнувајќи со избричано лице на 1 ноември, велат организаторите.

Картите може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.