општина охрид
Во вторник „Распеана чаршија“ со ВИС Билјана
Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ Охридската чаршија.

Во вторник, 30 јуни, охриѓани и посетителите на градот ќе имаат можност да уживаат во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС Билјана.
Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ Охридската чаршија, кое ќе внесе празнична атмосфера и ќе ги оживее старите градски улици со музика и песна.
Програмата продолжува во 20:00 часот со концерт кај Чинарот, каде ВИС Билјана ќе настапи со репертоар исполнет со македонски староградски и народни песни, создавајќи вечер посветена на традицијата, музиката и духот на Охрид.
-Ги покануваме сите љубители на македонската музика да бидат дел од оваа уникатна музичка прошетка и концертна вечер во срцето на градот, порачуваат организаторите.




