Skip to main content

Второ место за охриѓанецот Гоце Гавриловски на престижен меѓународен натпревар во САД

Охриѓанецот Гоце Гавриловски ја освои втората награда за своето дело „Ремикс” за симфониски оркестар на Интернационален натпревар во Атланта, САД.
 |  инфодеск  | 

Познатиот охридски композитор Гоце Гавриловски повторно се врати со награда од меѓународен натпревар, овој пат од International Youth Music Festival кој во јуни се одржа во Атланта, САД.

Во конкуренција на композитори од повеќе од 25 земји, Гавриловски ја освои втората награда за своето дело „Ремикс” за симфониски оркестар. Овој успех ќе биде свечено прославен на 31 август во Њујорк, каде ќе се доделат наградите од претходниот натпревар. На тој натпревар, Гавриловски ја освои втората награда за хорската композиција „Бум та ка бум” и првата награда со почести за делото „Dance & Toccatina”. Делото ќе биде изведено на концертот за наградените од страна на младото и талентирано пијанистичко име Александар Гавриловски.

Гавриловски Гоце учествувал на повеќе меѓународни семинари, фестивали и конференции по композиција и филмска музика во Македонија и странство, кај бројни реномирани светски композитори, како: А. Шчетински, Е. Годибер, А. Радвиловиќ, Џ. Вулрич, К. Швон, Ф.Сархан, Џ. Темпл, И. Курц, Р. Фебел и др.

Автор е на повеќе: солистички, вокални, камерни, хорски, вокално- инструментални и оркестарски композиции. За дел од нив е добитник на домашни и меѓународни награди. Неговите изведени дела се снимени на носачи на звук. Во 2016 година го издава и своето авторско ЦД, составено од 10 концертни изведби на композиции за разни состави насловено како „Works“.

Од 1998- 2002 год., Гавриловски Гоце хонорарно е ангажиран на Музичката програма во Македонското радио, истовремено и како продуцент во Музичката продукција на МРТВ.

Од 2002- 2009 год., Гавриловски Гоце работи како педагог-  наставник по пијано на ОМУ „Методи Патче“- Охрид, каде со учениците од неговата класа се стекнува со високи награди и признанија, на музички натпревари во земјата и странство.

Гавриловски Гоце е избран во звање доцент на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во 2009 година, од 2013 година работи како вонреден професор на Музичката Академија при УГД во Штип, а од 2019 година работи како редовен професор