Заблуди во кои сеуште веруваме
Луѓето се склони кон предрасуди, па токму затоа е лесно да се издвојат „човечки вистини“ кои всушност и не се вистини.
Луѓето се склони кон предрасуди, па токму затоа е лесно да се издвојат „човечки вистини“ кои всушност и не се вистини.
1.Голем дел од топлината на телото се губи од главата – Доколку сте целосно голи ќе изгубите рамномерно количина на топлина на секој дел од телото.
2. Кинескиот ѕид е единствен објект на земјата кој може да се види од вселената – Оваа заблуда е стара многу години, па не е тешко да се претпостави зошто многу луѓе и понатаму веруваат во неа.
3. На стаклото водата побавно се движи – Ова тврдење се чини дека е вистина само тогаш кога се набљудуваат стари прозорци кои навистина изгледаат брановито како на нив водата да не тече.
4. На различни делови од јазикот чувствуваме различни вкусови – Единствената вистина е дека на сите делови од јазикот чувствуваме одреден вкус во отприлика иста мерка.
5. Земјата била рамна додека Колумбо тоа не го демантирал – Станува збор за уште една заблуда бидејќи уште во времето на старите Грци луѓето знаеле дека живееме на голема топка.
6. Крвта без кислород е сина – Иако се чини дека станува збор за светло сина нијанса, всушност таа е темно црвена.
7. Камелеонот ја менува бојата на кожата во однос на околината – Уште една лага. Бојата на кожата на камелеонот се менува пред се` во зависност од физиолошките и емотивните промени кај овие животни.
8. Луѓето имаат пет сетила – Вкупниот број на човечки сетила варира во зависност од тоа кој научник за тоа зборува. Трансмисијата и проприоцепцијата се примери за „екстра сетила“, но сигурно е дека човек има повеќе од пет сетила.
9. Монт Еверест е највисоката планина во светот – Ако висината се смета над надморската височина, тогаш Монт Еверест навистина е највисока планина во светот. Ако се гледа од дното на врвот највисока е Мауна Кеа на Хаваите.
10. Крцкањето на прстите предизвикува артритис – Ваквиот вид на „хоби“ сигурно нема да ви предизвика артритис, но ќе доведе до губење на силата во прстите.
11. Вратите на тоалетите имаат најмногу бактерии – Врз основа на истражувањата на Универзитетот во Аризона утврдено е дека бравите имаат најмалку бактерии во собата. Тие се премногу суви, па е многу тешко за бактериите да преживеат.
12. Рибите имаат кратка меморија – Научниците на Технолошкиот Институт во Израел ги тренирале рибите да прават разни луди работи што значи дека рибата може да има долга меморија.
13. Гумата за џвакање останува во телото – Педијатрискиот гастроентеролог Дејвид Милов конечно ја реши заблудата бидејќи колоноскопијата никогаш не пронашла ненормално стари мастики во системот на желудникот.
{loadposition content9}