Skip to main content

Започна приведувањето на осомничените за насилството во собранието

Седум од засега 15 лица кои се осомничени дека биле иноволвирани во нередите во Собранието се лишени од слобода, пренесува Алсат-М.

 |   | 

Седум од засега 15 лица кои се осомничени дека биле иноволвирани во нередите во Собранието се лишени од слобода, пренесува Алсат-М.

Камерата на Алсат-М го забележа спроведувањето на дел од нив во скопскиот кривичен суд. Нивниот идентитет засега не е познат, но според кредибилни информации станува збор за лица кои директно учествуваа во насилството над пратениците. Неофицијално, еден од приведените е инспектор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Основното јавно обвинителство првично ги товари за кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. По останатите лица се трага, а за 14 од вкупно 15-те осомничени е побрано да биде изречена мерка притвор, додека за едно лице, мерка за претпазливост. Од обвинителството велат дека продолжуваат да со истрагите за целосно да биде расветлен кривично-правниот настан. Засега, нема пријава против организторите на протестите но полицијата испратила посебно известување до скопското јавно обвинителство во кое бара и тие да бидат распитани и да им биде одредена мерка за обезбедување.