Skip to main content

Започнува подобрувањето на системот за наплата на ЕВН

Заради подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците, ЕВН Македонија ќе го надгради на постоечкиот систем за наплата.

декември

Заради подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците, ЕВН Македонија ќе го надгради на постоечкиот систем за наплата.

За оваа цел ќе се искористи периодот од 28 април (четврток) од 15:30 до 3-ти мај (вторник) до 07:30, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните велигденски и првомајски празници.

дактураОд ЕВН Македонија ги известуваат корисниците, деловни партнери и надворешни соработници дека во овој период не ќе можат да ги користат електронските услуги на ЕВН, како електронското плаќање на сметките и сите други информации од центарот за односи со корисниците кои се поврзани со системот за наплата. Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во сите банки и пошти.  

На располагање останува телефонскиот број за информации (0890 88888) во Центарот за односи со корисници каде што може да се пријават евентуални проблеми во снабдувањето со електрична енергија и барања поврзани со конкретни  услуги на ЕВН.  

На сите барања и прашања евидентирани во контакт центарот ќе биде одговорено во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија. Надградбата е во функција на подобрување на услугите за корисниците, што е примарна цел на ЕВН Македонија.