Skip to main content

Мал битолски монмартр

Започнува 42-то издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр”

На годинешната ликовна колонија учествуваат над 100 млади ликовни уметници и педагози од 7 земји кои заедно со своите врсници и колеги од Македонија освен во Битола ќе престојуваат и сликаат и во Охрид.
 |  инфодеск  | 
мал битолски монмартр

Во Битола, пред платото на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, вечерва свечено ќе биде отворена 41-та Меѓународна ликовна изложба и ќе биде доделена наградата Гран при што им припадна на младите ликовни творци од Хонг Конг, Кина. Годинава Малиот битолски монмартр одбележува 55 години од основањето на Детското ликовно студио.

На годинешната ликовна колонија учествуваат над 100 млади ликовни уметници и педагози од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија, кои заедно со своите врсници и колеги од Северна Македонија освен во Битола ќе престојуваат и сликаат и во Охрид и во манастирот Свети Јован Бигорски.

Нивните дела ќе бидат изложени на две посебни ликовни изложби кои ќе бидат поставени во конзулатите на Република Грција и Република Бугарија во Битола.