Skip to main content

Започнува деветтото издание на Beach Film Festival

Beach Film Festival и оваа година најавува шест фестивалски денови исполнети со современ европски филм, едукативни содржини и препознатливата летна атмосфера покрај Охридското Езеро.
 |  инфодеск  | 

Утре, 21 јули, започнува деветтото издание на Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм кој до 26 јули ќе донесе богата филмска програма, мастер-класови, работилници и музички настани на неколку локации во Охрид.

Фестивалот традиционално ќе се одржува на плажите Сараиште и Славија, на Брод Армада, во Младинскиот центар Охрид, Хотел Пела и спортската сала на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Фестивалот започнува со претпрограма на плажата Сараиште:

  • 20:30 – „Железна тврдина“
  • 22:00 – „Самоуништување“

Официјалното свечено отворање ќе се одржи на плажата Славија со почеток во 20:30 часот, по што следува проекцијата на „Being Maria“, дел од официјалната селекција. Вечерта ќе заврши со коктел-забава и музичка програма со диџеј.

Истовремено, на Сараиште ќе бидат прикажани:

  • „Cirkusboy“ (детска селекција)
  • „Impatience of The Heart“ (официјална селекција)

Во наредните денови публиката ќе може да проследи повеќе европски долгометражни, документарни, студентски и краткометражни филмови, меѓу кои:

  • Alpha
  • Hidden People
  • Broken Voices
  • No Ghosts on Good Street
  • Moon
  • Koma
  • The Instinct
  • Silyan
  • As We Breathe

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и работилница за хорор филм, мастер-класови со домашни и странски филмски професионалци, мастер-клас со членот на жирито Ана Хут, проекции на студентски и краткометражни филмови, како и музичка програма со диџеи секоја фестивалска вечер.

Организаторите информираат дека го задржуваат правото на измени во распоредот и дел од локациите доколку има потреба, за што јавноста ќе биде навремено известена.