Запознајте го долгоушкото Ралф
Зајакот Ралф повторно може да се пофали со титулата на најголемото и најдебелото зајче на светот. Оваа титула е повторно во неговите шепи, откако ја изгуби во 2010 година.
Зајакот Ралф повторно може да се пофали со титулата на најголемото и најдебелото зајче на светот. Оваа титула е повторно во неговите шепи, откако ја изгуби во 2010 година.
При последното мерење на тежината, четиригодишниот Ралф имал неверојатни 22.6 килограми. Неговата горда сопственичка Паулина Грант изјавила дека своето милениче одлучила да го подлежи на строга диета.
Ралф дневно јаде ограничени количини на зелка, брокула, пченка, краставица, моркови, јаболка и леб. Во 2010 Ралф мораше да се задоволи со второто место откако Зајакот Дариј беше прогласен за најдебел зајак, со 21.3 килограми.
“Ралф порасна и е потежок од кога било. Добро се чувствува и е здрав. Моментално најголем проблем е тоа што се митари, па така на сите алишта има негови влакна”, изјавила Паулина.
И мајката на Ралф, Ејми, која починала пред 4 години, влегла во Гинисовата книга на рекорди како најголем зајак.
{loadposition content9}