Заврши Културно лето Пештани
Завршува културно лето Пештани. Од 11. до 13. август љубителите на уметноста во туристичкото село уживаа во спојот на серенадите проткаени со поезија и проза.
Оваа манифестација, чија цел е промоција на културата е збир на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност. Цртање, сликање, музички настапи, поезија проза и изложба на ракотворби од културната работилниц, беа дел од настаните на програмата.
Еден од највпечатливите настани е сликање и цртање на зајдисонце, од каде прозилегуваат уникатни ументички дела. Организаторите се задоволни од посетеноста.
-Оваа манифестација веќе стана традиционална, се одржува со поддршка на општина Охрид, мултидисциплинарна е значи сите уметности ги споивме во една и драмската, книжевната, музичката и сликарството. Имаме голема поддршка и од локалното население, мислам дека уживаа во програмата што ја направивме. Вклучени беа посебно младите и акцентот секогаш го ставам на младите, беа присутни и локалното население но и многу туристи. Сликавме со најмладите, воодушевени беа од тоа што го направија со моја поддршка и навистина беше прекрасно на зајдисонце, младите направија прекрасни пејсажи”, вели Валентина Толеска организатор на Културно лето Пештани.
Лани манифестацијата траеше шест денови, годинава три. Организаторите планираат проширување на оваа културна манифестација со повеќе содржини и нејзино развлекување на повеќе денови.
– Јас потекнувам од Пештани, живеам во Скопје секогаш се враќам, секој си го сака родното место, јас многу го сакам. Пештани е едно живописно место на толку убава местоположба и туристичко место и заслужува да има повеќе културни настани, а немаше ниту еден. Јас затоа се потрудив да направам. Јас ќе се потрудам овој настан да го направам да биде на повисоко ументичко ниво, тоа ми е целта. Предлог имав од Росица ќерката на Борко Лазески, кој ги сликал пештанските рибари има скици и монографија и ќе се потрудиме да направиме една посебна вечер за за Пештанските рибари, да се видат на местото каде се работени”, додава Толеска.
Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.
Новинар Соња Рилковска