Skip to main content

За Трпејца со љубов

Заврши меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“

Во изминативе шест години на колонијата се изработени околу 100 слики во разни техники од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“.
 |  инфодеск  | 
Колонија Трпејца

По четири дневна творечка работа, во неделата беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“.

Во кругот на подрачното ООУ „Свети Наум Охридски“ во Трпејца заедно твореа шест уметници: Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и гостите од соседен Поградец – Албанија, браќата Петрит и Кастриот Лараку.

Свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос.

И годинава главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица.

Во изминативе шест години на колонијата се изработени околу 100 слики во разни техники од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“.

Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело.