Зелениот чај го брка грипот
Освен вакцинирањетo, против сезонскиот грип постојат одредени чекори кои можете да ги превземете за да се заштитите од оваа заразна болест и да си обезбедите безгрижна зима.
Еден од тие производи е зелениот чај, кој може да го намали ризикот од зараза со грип за дури 75 отсто.
Здравствените благодати на овој пијалак се препишуваат на катехините – фитохемикалии со својствени антиоксиданси кои на овој чај му го даваат карактеристичниот, помалку горчлив вкус.
Една студија покажала дека гргарењето зелен чај поделотворно ја спречува појавата на грип од пиењето. Се смета дека со гргарењето чај, вирусите во грлото с е подолго изложени на состојките од чајот.
Зелениот чај претставува вистински рудник на антиоксиданси кои го спречуваат таложењето на штетните молекули во организмот (слободни радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес). Две шолји зелен чај го снабдуваат организмот со еднаква количина антиоксиданси како и пет порции зеленчук или две јаболка.
Затоа, зелениот чај треба да стане ваш омилен зимски пијалак.
{loadposition content9}