Skip to main content

Зелката е лековита

Зелка е идеална заштита во ова студено време кога владее грипот. Научниците сметаат дека секојдневното јадење кисела зелка во овој период од годината го зајакнува имунитетот бидејќи е богата со витамин Ц. Киселата зелка исто така има и други хранливи и лековити состојки.

 |   | 

zelkiЗелка е идеална заштита во ова студено време кога владее грипот. Научниците сметаат дека секојдневното јадење кисела зелка во овој период од годината го зајакнува имунитетот бидејќи е богата со витамин Ц. Киселата зелка исто така има и други хранливи и лековити состојки.

Уште од минатото постојат записи во кои Римјаните пишувале за лековитите својства на зелката, чии листови се препорачувале за лекување на повреди, рани, па дури и чирови.

Сега се знае дека зелката го спречува скорбутот и чирот на желудникот и 12-палачното црево, има антисептичко дејство, го зајакнува имунитетот, лекува реума, рани од проширени вени на нозете, помага во лекување на болестите на белите дробови, при артритис, гихт и слабокрвност.
zelka
Три пати дневно, посебно или со оброк изедете салата од свежа или кисела зелка која можете да ја зачините со малку растително масло, алеева пиперка или ситно исецкан лист од першун, рендан морков, бибер и лук.

Доколку имате проблеми со варењето на храната, имате чир на желудникот или катара на дебелото црево, во своето мени задолжително вметнете го сокот од свежата зелка, кој не е тешко да се направи, особено ако имате соковник. Треба да се подготвува непосредно пред пиењето. Со помош на соковникот или рачно, направете една чаша сок и пијте секој ден на празен желудник, подолг временски период. Можете да додадете и малку сол или јогурт, иако и чистиот сок од зелка нема непријатен вкус.

{loadposition content9}