Skip to main content

Земјотресот во Грција однесе два животи, почуствуван и во Охрид

Според податоците нa Европско медитеранскиот сеизмолошки ценатр утрово во 08.10 часот регистриран е земјотрес во Грција, со јачина од 6,1 степен според Рихтер кој беше почуствуван и во Охрид.

земјотрес

земјотресСпоред податоците нa Европско медитеранскиот сеизмолошки ценатр утрово во 08.10 часот регистриран е земјотрес во Грција, со јачина од 6,1 степен според Рихтер кој беше почуствуван и во Охрид.

Епицентарот на земјотресот бил под морското дно на 285 километри јужно од Тирана, односно на 27 километри западно од Лефкада.

Најмалку едно лице загинало.

Според грчката полиција во земјотресот настрадала 59-годишна жена откако дел од карпа се урнал врз нејзината куќа во селото Понти.

Еден жител од селото Атани, изјави дека една жена починала кога од потресот се урнала една штала, но од полицијата нема потврда за оваа информација.