Жените кои пијат вино имаат подобар сексуален живот
Тие дошле до докази дека жените кои секојдневно пијат мало количество на црно вино повеќе уживаат во сексот од оние кои не пијат.
Научниците во текот на испитувањето обрнале внимание на сексуалниот апетит на жените, оргазмите и задоволството. Жените кои пијат две чашки црно вино дошле до 27,3 бодови, додека оние кои пиеле само по една чашка 25,9 бодови, а оние кои не пијат 24,4 бодови.
„Историски гледно уште од античка Грција се знае дека помеѓу виното и сексуалноста има голема поврзаност. Жените кои умерено пијат вино имаат подобар и посреќен сексуален живот. Сепак не е доволно истражено и ќе се трудиме да одиме во тој правец, да видиме дали навистина има голема поврзаност помеѓу виното и сексот“, изјавил др. Никола Мондани.
Интересно е дека за време на истражувањето откриено е дека постарите жени имаат поисполнет сексуален живот од младите.
{loadposition content9}