Жените се поефикасни како шефови отколку мажите
Во светот на малите бизниси, постојат повеќе шефови мажи отколку жени. Меѓутоа, две неодамнешните истражувања покажуваат дека жените може да се подобри лидери.
Во светот на малите бизниси, постојат повеќе шефови мажи отколку жени. Меѓутоа, две неодамнешните истражувања покажуваат дека жените може да се подобри лидери.
Според анкетата спроведена од крис Барт, професор по стратешки менаџмент на школата за бизнис на универзитетот МекМастер, и Грегори Меквин, дипломиран студент на МекМастер и продекан на Училиштето за остеопатска медицина при Универзитетот Стил, жените се подобри во вршење на бизнис отколку мажите.
Минатата година, „Zeneger Folkman“, компанија која го проучува лидерството, откри дека жените се оценети повисоко отколку мажите во врска со 12 од 16 атрибути за кои биле тестирани. После анализирањето на 7.280 од перформансите на нивните клиенти, тие откриле дека жените значително ги победиле мажите во полето на преземање на иницијатива и резултатите.
Еве дополнителни начини на кои жените се поефикасни шефови од мажите.
1. Подобри комуникатори – Жените се подобри слушатели од мажите, а оваа вештина која е најкритична за управување со вработените и клиентите. Според Д-р. Сузан Шервуд, ова е резултат на жените кои се повеќе ориентирани кон дискусија, додека пак мажите повеќе сакаат да преземаат акција. Мажите комунцириаат низ активности, а не преку разговори.
Зошто е важна вештина за сите: Вработените сакаат нивните менаџери да ја слушнат нивната гледна точка, а клиентите сакаат луѓето да се соживуваат со нивните проблеми.
2. Подобри градители на зедницата – Жените се подобри градители и немаат потреба како мажите да ги насочат сите во она што го прават. Во светот на интернетот, „бета менаџерите“, оние кои знаат како да изградаат кооперативни односи, стануваат се` поуспешни „алфа менаџери“.
Зошто е важна вештина за сите: Најдобрите менаџери учат да водат преку влијанието кое доаѓа од градење на соработка наместо директна сила.
3. Имаат посилна бизнис етика – Барт и Меквин откриле дека жените кои се ефикасни менаџери, ги признаваат и ги земаат во предвид правата на другите во извршувањето на правичноста.
Зошто е важна вештина за сите: Водењето на мал бизнис е минско поле на етички избори. Кога се турнати до границата, голем дел од сопствениците прават грешки за сопствените етички (а понекогаш и правни) стандарди.
4. Имаат повеќе трпение – Жените се далеку потрпеливи со вработените од мажите. Кај нив е помала веројатноста да скокнат до инстант решение или да направат брза одлука или пак да преземат акција прерано.
Зошто е важна вештина за сите: За повеќето мали бизнисот „успехот преку ноќ“ зема околу седум до десет години. Победници се оние знаат да бидат доволно трпеливи и оние кои преземаат мали чекори.
5. Подобри се во „активирањето на страста“ – Жените се поостроумни за тоа како треба да ја активираат страста кај нивните вработени. Тие ги гледаат сите 43 мускули на лицето на вработените и знаат кога се менуваат нивните чувства.
Зошто е важна вештина за сите: Страста гради лојалност. Со мотивирањето на вработените, тие за возврат ќе станат страсни за нивната работа во компанијата.
{loadposition content9}