Знаете ли што значи гладта за солено?
Повеќето диетолози се согласни дека кога наеднаш ќе се појави желба за нешто солено е симптом за недостаток на минерали. Солта ја има таа способност привремено да го зголеми нивото на другите минерали во телото со што успева да го излеже мозокот дека проблемот е решен. Може да ви недостига калиум, манган, селен, железо и други важни минерални материи. Но веројатно се сетивте дека чипсот, соленките и другите грицки не се вистинското решение.
Затоа ви предлагам неколку здрави храни кои ќе ви ја задоволат потребата од солено и ќе ви ги достават оние минерали кои ви недостасуваат во организмот.Изберете маслинки, кисели краставички, сирење ементал или моцарела, бразилски бадеми, семки од тиква, бадеми, индиски оревчиња или пуканки. Сите овие производи ги содржат потребните минерали, а освен тоа се здрави и нема да ја зголемите телесната тежина што се случува кога ќе изберете грицки наместо ова.
{loadposition content9}