Skip to main content

Зошто принцезата плачеше?

По три неуспешни обиди да ја здувне од Монако во очи на свадбената церемонија принцот и го одзеде пасошот ( за секој случај) па на преубавата Шарлин не и остана ништо друго освен да си се изнаплаче (од радост, се разбира).

 |   | 
Sharlin
Шарлин

Принцот Алберт овие денови ќе мора да оди на уште еден тест на утврдување на татковството, а Шарлин како сопруга ќе мора да му ја даде целосната поддршка.
Sharlin i Albert
Венчавката требаше до некаде да го отргне вниманието со бројните скандали кои ја потресоа врската меѓу Алберт и Шарлин. Според информациите на странските медиуми, од принцезата се бара да му даде целосна поддршка на Алберт при тестирањето на татковството, што и не е така лесна и едноставна задача.
Sharlin
Да се потсетиме, Алберт веќе има две вонбрачни деца од две различни жени. Децата имаат 6 и 19 години. Засега ќе прави тест за уште едно дете, а постојат можности да има барем уште едно дете за кое исто така ќе треба да прави тест.

Пред венчавката медиумите пишуваа дека Шарлин сака да избега кај своите родители, но не беше во можност бидејќи и беше одземен пасошот.

{loadposition content9}