Skip to main content

Зошто раскинаа Шола и Ружин?

Шола: „Ми се закануваше дека ќе ме убие.“

 |  Маја Савиќ  | 
Shola
Shola
Хрватската кантавторка Антонија Шола конечно откри која е вистинската причина за раскинувањето со македонскиот бизнисмен Александар Ружин. Во интервјуто за Story Шола открива дека причината за крајот било тоа што 27-годишниот Ружин постојано ја омаловажувал, навредувал, и се заканувал, ја заплашувал, се обидел да ја манипулира и малтретирал.
Story
Според 31-годишната хрватска ѕвезда, малтретирањето продолжило и после раскинувањето на врската.

– Ако сето ова на престане, ќе бидам принудена да ја побарам сета достапна заштита и тоа врз база на сите e-mail и смс пораки кои ги имам, бидејќи и за него постојат закони и институции кои се занимаваат со такви проблематични лица.

Шола, која тврди дека кон почетокот на јануари побарала помош во еден центар за помош на жртвите на насилство, тврди дека малтретирачите треба да се сопрат, игнорираат и да им се рече „не“.

– Доколку некој 20 дена од чиста мира ви вели дека ќе ве убие ако го оставите, прво мене па после себе, дека поради вас ќе одлежи 10 години и ќе направи неверојатна трагедија и оти поради тоа ќе се тресе цел Балкан – колку долго би останале во таква врска?! Јас ниту ден, вели Шола.
Shola I ruzin
Хрватката ги демантираше обвиненијата на Ружин дека го изневерила и денеска жали што воопшто била во врска со Ружин и оти тоа и била најголемата грешка. Сепак Шола вели дека не ја изгубила вербата во љубовта.

– Тој нема да успее во своите намери, бидејќи јас одам понатаму. Не ме скрши! Грешка беше што бев со него, но од грешките се учи. Одам понатаму. Сама, своја и слободна. Сега сакам уште подобар живот, со насмевка на лицето сум уште посилна од било кога, вели Шола.

Александар Ружин ги демантира тврдењата дека ја малтретирал Шола, додавајќи дека таа е „неискрена, лабилна и дволична личност“ и оти неговата друга страна на приказната, која ја знаат само најблиските, за жал изгледа како хорор филм.

{loadposition content9}