Skip to main content

Зошто се будиме пред да се огласи алармот?

Бидејќи Вашиот внатрешен часовник е подобар од направата која седи во Вашиот кревет.

alarm
аларм

Во центарот на Вашиот мозок се наоѓаат нерви кои се одговорни за биолошкиот часовник на телото. Тие нерви одредуваат кога ќе Ви се спие и кога ќе бидете будни. Тие ги контролираат Вашиот крвен притисок, телесната температура и чувството за време. Телото е одлично тајмирана машина која може да функционира без никаква помош.

alarmВашето тело е најефикасно кога има рутина за следење. Доколку легнувате во исто време и станувате во исто време, Вашето тело се навикнува на тој режим. Биолошкиот часовник се регулира со протеин наречен ПЕР. Нивото на протеинот расте и опаѓа секојдневно. Навечер е највисоко, а ноќе е најниско.

Кога нивото е ниско опаѓа крвиот притисок, отчукувањата на срцето успоруваат и мислењето станува отежнато. Тогаш Ви се спие. Доколку следите рутина и се будите во исто време секој ден Вашето тело учи да го зголемува нивото на протеинот токму во периодот кога е навикнато да се буди со алармот. Нивото на проетинот расте приближно еден час пред алармот и спиењето станува полесно. Затоа се будите пред да заѕвони алармот.

Вашето тело не сака да биде прекинето среде циклус и „Ве подготвува“ за будење полека, наместо да Ве остави да се разбудите под стрес од гласната мелодија. Доколку се будите во различно време секој ден, Вашето тело веројатно ќе Ве издаде бидејќи му е потребен сон. Само со постојана рутина тоа ќе знае кога да Ве разбуди и без аларм.

{loadposition content9}