Skip to main content

Зошто се дебелеат поранешните пушачи?

Многу пушачи, меѓу другото, не сакаат да се откажат од пушењето поради стравот дека ќе се здебелат. Научниците откриле дека никотинот го поттикнува работењето на мозочните клетки кои се задолжени на организмот да му даваат сигнал кога сте сити.

 |  Маја Савиќ  | 
smoking
пушење

kejt mosМногу пушачи, меѓу другото, не сакаат да се откажат од пушењето поради стравот дека ќе се здебелат. Научниците откриле дека никотинот го поттикнува работењето на мозочните клетки кои се задолжени на организмот да му даваат сигнал кога сте сити. Разликата која се создава притоа не е драстична, во просек, лицата кои го оставаат пушењето добиваат помалку од пет килограми.

Никотинот активира одредени неврони што испраќаат сигнали дека на телото му е доста од јадење, стои во резултатите од истражувањето, кое утврдило дека овие неврони не се истите кои ја иницираат желбата за цигара.
Во соработка меѓу Медицинската школа на Јеил и Медицинскиот колеџ Бејлор од Хјустон, експертите спровеле серија тестови врз глувци, по што заклучиле дека никотинот влијае врз еден дел од мозочниот систем а крајниот резултат е губење на телесната тежина.

Adriana Lima„Замислете лекарства на база на никотин кои ќе влијаат само на оние клетки кои го сопираат јадењето а не ја будат желбата за пушење,“ Марина Пичото, една од истражувачите.

Нејзиниот тим вели дека се потребни тестови на луѓе, со цел да се создадат безбедни апчиња.

Пушењето предизвикува бројни опасни заболувања, како рак и срцев удар, така што неколку килограми вишок не треба да претставуват проблем за одвикнување од оваа штетна навика.





{loadposition content9}