Skip to main content

Зошто е добро да патувате?

Без разлика дали патувате поради забава или од службени причини, патувањата ве збогатуваат на многу начини.

 |   | 
patuvanje
патување

Без разлика дали патувате поради забава или од службени причини, патувањата ве збогатуваат на многу начини.
patuvanje

Кога сте на ново место, се менува поимот за време. Неколкуте дена минати на нова локација ќе ви се чинат многу подолги, а вие ќе се чувствувате помлади и поенергични.

Исто така, патувањата го разбиструваат умот и ги зголемуваат креативноста, свесноста и информираноста. Едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот Индијана дојде до откритие дека студентите се покреативни кога решаваат задачи за кои сметаат дека потекнуваат од странски земји. Психолозите ова го нарекуваат „психолошка дистанца“.

Честопати, новите идеи се раѓаат токму додека патувате, со што се зголемува вашата продуктивност. Затоа, многу луѓе во западните земји земаат одмор и патуваат пред да се зафатат со некоја значајна обврска.