Skip to main content

Зошто морето е здраво?

Освен морските специјалитети, пливањето или трчањето по песок, морето е лековито и ако само седите на плажа и ги гледате брановите. Што е толку добро во морската вода и воздухот кој што го вдишуваме.

 |  Маја Савиќ  | 
plaza
plaza
plaza

Одењето на море е дефинитивно лековито, потврдува и современата наука. Ако дневно поминете само 15 до 30 минути значително ќе го подобрите сопственото здравје. Еве и зошто.

Морскиот воздух

Специфичниот мирис на морето го предизвикува гасот диметил сулфид, кој доаѓа од морето. Надишете се морски воздух, навечер подобро ќе спиете бидејќи морскиот воздух е полн со негативни јони на водород, поради што полесно ќе апсорбирате кислород (ова е посебно добро за оние кои ги мачи проблемот со дишните патишта). Негативните јони се борат против слободните радикали и го урамнотежуваат нивото на серотинот, хормонот на среќата.

plazaМорска вода


Морската вода ги ублажува некои кожни болести, како дерматитисот. Солта и калиум хлоридот ја лекуваат оштетената кожа. Од Британската асоцијација на дерматолози објаснија дека водата делува позитивно врз кожата на луѓето, но тука има и други фактори, како опуштањето, промената на климата и исхраната која оди со морето. Морката вода е лек за синусите, алергиите и настинските. Таа делува како добар антихистамин и ги отвора дишните патишта.

Сончева светлина


Паранојата поради меланомот некои ги доведе во ситуација панично да се плашат од сонцето. Сончевите зраци се неверојатно здрави за луѓето. Така ние ја добиваме потребната количина на витамин D, кој повеќе делува како хормон отколку како витамин, бидејќи го регулира здравјето на коските, мускулите, имунитетот, сонот и расположението. Др. Мерилин Гленвил, експерт за здравјето на жените, истакнува дека е најдобар начин за превенција на остеопороза.

Секако, мора да биде се урамнотежено, бидејќи не смеете да изгорите. Телото може да го складира витаминот D за 60 дена, и тоа по кратко дневно излегување.
{loadposition content9}