Skip to main content

Еве зошто треба да се чува куче

Не се вели без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот.

kucinja
кучиња

Овие животни се повеќе од другари и некој со кој ќе го поминете вашето слободно време. Кучињата се суштества кои прават неверојатни работи и го заслужуваат нашето воодушевување.

1. Кучињата го чувствуваат патењето на човекот

Колеџот Голдсмитс неодамна објавил истражување чиишто резултати покажуваат дека кучињата повеќе зборуваат со човекот кој плачи или пати, отколку со мирен човек. Ова укажува дека кучињата чувствуваат емпатија и сакаат да им помогнат на луѓето и да ги утешат.

2. Кучињата може да детектираат рак

Истражувањата велат дека благодарение на нивното неверојатно сетило за мирис, со 70 до 90% точност кучињата може да детектираат рак.

3. Кучињата може да почувствуваат напад пред тој да се случи

Најновите истражувања покажуваат дека кучињата може да го предупредат пациентот пред да добие напад, како на пример епилепсија. Тие понекогаш нападот можат да го предвидат и неколку саати пред да се случи. Сè уште не е со сигурност потврдено како тоа го прават, но на голем број луѓе кои имале здравствени потешкотии тие на ваков начин им помогнале.

4. Тие го намалуваат стресот на работа

Вработените кои на работа можат да го земат сопственото куче се помалку подложни на стрес и повеќе ја сакаат својата работа, едноставно затоа што присуството на нивното домашно милениче во канцеларијата ги прави среќни.

kucinja5. Кучињата го чуваат здравјето на бебето

Уште едно неодамна направено истражување покажува дека бебињата кои живеат во куќа со домашни миленици се поздрави од оние кои не живеат и се соочуваат со кашлица, кивавица, алергија и инфекции. Причината која научниците ја наведуваат е тоа што кучињата се валкаат во прашина и кал со што го зацврстуваат детскиот имунитет.

6. Кучињата помагаат во одржувањето на кондицијата

Истражувањето од Лондонскиот универзитет покажало дека децата кои имаат кучиња се поактивни и почесто вежбаат од врсниците кои немаат домашно милениче. Вежбањето и трчањето со кучето е уште позабавно, а животните помагаат и во мотивацијата.

7. Кучињата може да го детектираат ниското ниво на шеќер во крвта

Нивното сетило за мирис е уште помоќно отколку што мислевте: тие можат и да го почувствуваат нискиот шеќер во крвта така што можат да ја предупредат личноста дека има низок шеќер или пак ќе лаат да повикаат помош доколку личноста добие напад. На овој начин, кучињата често пати го спасувале животот на дијабетичарите.

8. Кучињата ве држат подалеку од алергиите

Кучињата можат да бидат тренирани да детектираат одредени алеркии. Доколку сопственикот на едно куче е алергичен на путер од кикирики, кучето ќе го предупреди ако тој го намириса во неговата храна.

9. Кучињата им помагаат на луѓето во социјализацијата

Британските научници заклучиле дека кучињата функционираат како „друштвени катализатори“ кои на луѓето им помагаат почесто да излегуваат, комуницираат и да ја пребродат изолацијата.

10. Кучињата ја спречуваат појавата на егзема кај децата

Децата помлади од година дена кои имаат кучиња имаат помали шанси да бидат склони кон развивање на хронична кожна егзема.

{loadposition content9}