Skip to main content

Зошто ни треба темнина за мирен сон?

Спалната соба на денешницата е полна со светла, почнувајќи од екранот на компјутерот до светкањето на другите многубројни електронски уреди. Ова претставува проблем бидејќи хроничното изложување на светлина ноќе води до повеќе здравствени проблеми.

devojka
девојка

Спалната соба на денешницата е полна со светла, почнувајќи од екранот на компјутерот до светкањето на другите многубројни електронски уреди. Ова претставува проблем бидејќи хроничното изложување на светлина ноќе води до повеќе здравствени проблеми.

devojkaЗа да го разбереме лошото влијание на хроничната изложеност на светлина навечер мора да ја земеме предвид човековата еволуција. Пред крајот на каменото време, луѓето биле изложени на две различни светлини – онаа од Сонцето преку ден и од Месечината и ѕвездите преку ноќ. Ние сме биолошки програмирани на овој начин на функционирање.

Денес имаме вештачко осветлување навечер. Тоа не е толку силно како светлината од Сонцето, но е многу посилно од светлината на ѕвездите и Месечината.

Потиснувањето на мелатонинот е клучот кон разбирањето за штетноста на вештачкото ноќно осветлување. Оваа хемиска супстанца се лачи навечер од епифизната жлезда во мозокот за да го регулира нашиот циклус на спиење и будење. Хормонот ги намалува крвниот притисок, нивоата на глукоза и телесната температура – се’ што е потребно за мирен сон.

sonДеловите од мозокот кои го контролираат нашиот биолошки часовник се посебна група клетки во хипоталамусот. Овие клетки реагираат на светлосни сигнали. Оптичките нерви во нашите очи го забележуваат светлото и го пренесуваат сигналот до клетките и им „кажуваат“ дека е време за будење. Тоа започнува и други процеси – ја зголемува телесната температура и произведуваат хормони кои даваат енергија.
Освен тоа, истражувањата покажуваат дека изложеноста на собната светлина пред спиењето го намалува лачењето на мелатонинот за приближно 90 минути во однос на изложеноста на послабата светлина.

Со развитокот на технологијата, се’ повеќе сме изложени на вештачка светлина со таблетите и телефоните. Згора на тоа, многу модерни направи емитираат сина светлина од ЛЕД-светлата – светлина која придонесува кон потиснувањето на мелатонинот.

Недостатокот на спиење и лошиот сон може да имаат многу лоши последици по здравјето, меѓукои поголеми шанси за заболување од рак, забрзано стареење и проблеми со срцето, а тоа придонесува и кон зголемувањето на телесната тежина.

Сите истражувања посочуваат кон еден едноставен факт: Спалните соби нека бидат што потемни и одбегнуваје сина светлина пред спиењето.

{loadposition content9}