„Баскер фест“ по трет пат во Охрид
Артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари и жонглери на трите плоштади во централното градско подрчје, ќе им ги разубават вечерите на охриѓани и на туристите љубители на уличната уметност.
Претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници ќе го збогатат културно забавното живеење во градов. Почнувајќи од вечерва па во наредните три дена, на трите плоштади во централното градско подрчје, повеќе од дваесет улични изведувачи како од земјава така и од светот ќе се претстават со најразлични изведби на уличната уметност на годинешниот Баскерфест.
„На наше големо задоволство, и овој пат се надевам дека и овој пат ќе биде одлична прилика како за охриѓани така и за сите гости туристи и посетители да видат необични настапи и перформанси и се тоа ќе биде дел од денешното четврто идздание на „Бело лето“ фестивалот кој знаете, така да ова ќе биде само едно надополнување“ вели Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.
Дебито на Баскерфест се случи во 2006 година и се покажа како успешно заокружување, со програма во која беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери. Љубителите на уличната уметност нема да бидат разочарани, а во овие 11 години македонците се покажаа како народ кој има и високи очекувања, вели Сандра Темова од фестивалот.
„Значи имаме мноу интересни настапи, како магија, жонгла, комедија значи многу возбудливи настапи со оган, буквално ќе биде многу интересно да се гледа затоа ги поканувам сите заинтересирани за една ваква различна уметност да посетат „Баскер фест“.Можам да кажам дека е се потешко да ги изненадиме таа сбвесност и култура е веќе прифатена и препознатлива кај нас, но секако ќе се трудиме и понатака“, вели Сандра Темова од фестивалот.
Баскер ја пречекува публиката не само со улични артисти и музика во живо, но и со низа различни понуди за незаборавна забава. Во Охрид свои настапи ќе имаат уметници од Јужна Америка, Израел, Шпанија, Хрватска, Јапонија.
„Здраво, се викам Мозес и тука сум во Охрид да настапам во наредните три дена, јас сум танчер и факир и правам некои чудни и морничави изведби, па ви предлагам да ги погледнете.„Јас сум Габриел Маркиз доаѓам од Бразил и сум магионичар и кловн, и мојот настап е буквално за сите генерации, па без разлика дали сте млади или стари дојдетет да го проследите мојот настап, дојдете да ги проследите сите изведби на „Баксер Фест“ велат уметниците Мозес и Габриел.
БАСКЕРФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Трета година по ред ја збогатува туристичката понуда на нашиот град. Сите изведби започнуваат во 19 часот и ќе траат до 22 часот.