Еврокомесарот вечер во Македонија, средба со лидерите утре
Поделени се проценките дали партиите со обезбедено мнозинство ќе го дочекаат еврокомесарот Јоханес Хан кој деенс пристигнува во Скопје, или ќе чекаат на негови евентуални сугестии, пренесува „Дојче Веле“ на Македонски јазик.
Поделени се проценките дали партиите со обезбедено мнозинство ќе го дочекаат еврокомесарот Јоханес Хан кој деенс пристигнува во Скопје, или ќе чекаат на негови евентуални сугестии, пренесува „Дојче Веле“ на Македонски јазик.
Доколку ефикасно и искрено течат внатрепартиските консултации и меѓупартиски разговори, постои умерен оптимизам дека „наскоро“ би можел да биде постигнат договор меѓу СДСМ и други партии на Албанците вклучени во разговори за обезбедување мнозинство за состав на нова влада, велат извори од партиите учеснички во разговорите. Сепак, не се исклучува можноста „ако нешто запне“, без одлука да го дочекаат еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој во четврток пристигнува во Скопје. Неговата посета не е поврзана со разговорите за формирање влада, бидејќи тој доаѓа на состанокот посветен на енергетиката во рамките на процесот „Шест западнобалкански држави“, на кој ќе учествуваат министри за надворешни работи и за енергетика и економија. Сепак, на маргините на состанокот се очекува комесарот Хан да има билатерални средби со партиските раководства, а не е исклучено и средба со шефот на државата.
Ќе има ли мандатар до посетата на Хан или ќе се чека евентуално неговите сугестии да бидат импулс за придвижување на процесот? Од партиите јавно „не сакаат да прејудицираат“, но неофицијално, имаат речиси идентични ставови: сите пријателски сугестии се добредојдени, но процесот кој е започнат зависи, пред сѐ, од волјата, зрелоста и посветеноста на домашните актери за изнаоѓање брзо и квалитетно решение за излез од кризата.
Според извори упатени во разговорите меѓу двете партии, усогласувањето на ставовите не би требало да им одзеде многу време, со оглед дека СДСМ и ДУИ немаат разлики по прашањето за СЈО, а кое беше камен на сопнување во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Како што изјави минатата недела портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, со ВМРО-ДПМНЕ се согласиле по сите точки на кои инсистира ДУИ, меѓу кои и за употребата на албанскиот јазик, но не и по точката која се однесува на правната држава – реформите предочени во Извештајот на Прибе и СЈО.
Од партиските раководства не соопштуваат дали ова и натаму е една од темите за која партиите ги утврдуваат „принципиелните позиции“ пред да почнат суштински разговори. Додека течат средбите меѓу ДУИ и СДСМ, во разговорите се вклучуваат и други партии на Албанците кои добија пратенички мандати. Како што објавија дел од медиумите, Шекеринска вчера се сретнала и со претставници на Движењето „Беса“.