Skip to main content

Започна карневалот во Венеција

Карневалот што синоќа почна во Венеција опфаќа бал под маски, парада на гондоли, избор на кралица на карневалот и други манифестации.

 |   | 

Карневалот што синоќа почна во Венеција опфаќа бал под маски, парада на гондоли, избор на кралица на карневалот и други манифестации.

Карневалот ќе трае до 28 февруари, а градските власти подготвија 140 културни настани за деца и возрасни, вклучително концерти и изложби во 40 палати, цркви и музеи.

Карневалот се одвива под засилени безбедносни мерки, а припадници на антитерористичките сили се распоредени на клучни и историски точки во центарот на градот.