Skip to main content

Концерт на пијанистката Асами Сати

Јапонската пијанистка Асами Сати вечерва ќе одржи концерт во Охрид во рамките на Фестивалот за современа музика „МОДОАРС 2016“.

 |   | 
sato

satoЈапонската пијанистка Асами Сати вечерва ќе одржи концерт во Охрид во рамките на Фестивалот за современа музика „МОДОАРС 2016“.

Концертот ќе се одржи во концертната сала на музичкото училиште „Методи Патче“ во 19 часот, а влезот ќе биде слободен.

На програмата ќе се изведат дела од Рахмањинов, Шопен, Дебиси и од јапонскиот композитор Сакура – Сакура. Гостин на концертот ќе биде Ема Потевска Попивода, со која ќе настапат со композиција од Дебиси за пијано – 4 раце.

Сате е светски позната пијанистка и музички продуцент, која живее и работи во Токио, Јапонија.