Културата расте со децата „За сите деца“
„Мечето Панда и Дедо Мраз“ вечерва за најмладите во Охрид мол
Културата расте со децата: Магијата на Мечето Панда и Дедо Мраз
Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе биде прикажана детската претстава „Мечето Панда и Дедо Мраз“.
-Кога се среќаваат Мечето Панда и Дедо Мраз, магијата е загарантирана! Не ја пропуштајте зимската бајка што ги освојува детските срца!, порачуваат организаторите.
Претставата ќе започне во стандардниот термин од 19 часот на првиот кат во Охрид мол, а влезот е бесплатен.
