Невозможното, ќе го направам возможно
Охридската стрелачка Нина Балабан заминува на олимпијадата во Рио.
Нина Балабан, охридската олимпијка во дисциплината стрелање со воздушна пушка, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Градоначалникот потенцираше дека верувањето во своите способности е првиот чекор кон остварување на врвните резултати, но во секој случај истакна дека охриѓани во сабота наутро ќе бидат покрај телевизиските екрани и ќе навиваат за Нина.
„Охриѓани ги држат палците за Нина Балабан, а ние цврсто веруваме дека ќе го дочекаме тој ден Нина да постигне врвен резултат на ова натпреварување и конечно можеби да се закити со некое од најсјајните одличја, меѓутоа како и да е Нина го оствари својот сон кој воедно е и сонот на спортски Охрид и на градот Охрид воопшто бидејќи е навистина голема гордост да се има спортист кој обезбедил олимписка норма токму од својот град“, истакна Градоначалникот Бакрачески.
Младата олимпијка пак искрено и самоуверено рече дека со оглед на трудотт кој го вложила во досегашната нејзина стрелачка кариера, како и во подготовките за настапот на Олимпијадата, таму оди да оствари добар резултат кој не ја исклучува можноста за пласман во финалето и борба за медалите.
„Морам да признаам дека подготовките не беа лесни штое добар знак. Сметам дека сум навистина подготвена и можам да гарантирам дека ќе го дадам својот максимум. Олимијадата е спортски настан кој е врв на кариерата на сите спортисти и нависитна сум пресреќна што сум дел о Македонскиот Олимписки тим. Се надевам и грантирам дека ќе го дадам својот максимум дека ќе се претставам во добро светло како себе така и градот Охрид и република Македонија и можам да гарантирам дека ќе сум оној спортист кој невозможното ќе го направи вoзможно“, вети Балабан.
Градончалникот Никола Бакрачески, во име на градот Охрид на нашата репрезентативка и подари спортска опрема со ознаки на градот Охрид, додека Балабан пак на градоначалникот му подари гравура со ликот на Александар Македонски.