Нина Балабан оди во Рио
Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.
Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.
Како што информираат од Македонскиот олимписки комитет, во тесна соработка со Интернационалниот олимписки комитет (Трипартитна комисија), МОК обезбеди покана за учество на Нина Балабан на ОИ РИО 2016, со што Нина е првиот потврден учесник од Република Македонија на Олимписките игри Рио 2016.
МОК во изминат период во целост ги финансираше сите настапи на Нина Балабан како олимписки стипендист, при што Балабан оствари „MQS“ резултат, односно постигна минимален резултат за добивање на покана од страна на ИОК за учество на ОИ Рио 2016.